Температури до 19 степени, ќе има повремени врнежи од дожд

од Nikola Popovski
117 прегледи

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешната временска прогноза.

Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Температурите ќе се движат од 4 до 19 целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер.

-Температурите ќе бидат од 8 до 16 целзиусови степени, појаснуваат од УХМР.