Температури до 39 степени

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови, во северните делови од земјата, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурата наутро ќе биде од 11 до 21 Целзиусов степен, а попладне од 29 до 39 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.

И во Скопје, како што велат од УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 20 Целзиусови степени наутро, до 37 Целзиусови степени попладне.

Сончево и многу топло ќе биде времето и во текот на утрешниот ден. Според информациите од УХМР ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темпертурата и утре ќе се искачи до 39 Целзиусов степен, а УВ-индексот ќе биде 8.

Слични содржини