Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури.

Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер. Максималната температура ќе достигне до 41 степени, а УВ индексот ќе биде 9.

Натпросечни температури ќе имаме и утре и задутре. Од среда од УХМР најавуваат пороен дожд и грмежи, се очекува температурите да паднат за неколку степени.  И на 35 е жешко ама над 40 е уште повеќе.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Слични содржини