Температури под нула, активни забрани за камиони на неколку патни правци

од Nikola Popovski
128 прегледи

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево,на Пресека и Буково.

Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Тетово – Попова Шапка, Пресека, Ѓавато и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од „Македонијапат“ уверуваат дека патиштата низ државава се проодни, но на дел од патните правци има забрани за движење на тешки товарни возила.

Од Центарот за управување со кризи информира дека службите интервенирале кај постаро лице во кочанско Полаки, кое останало заглавено во домот поради снежните наноси.

УХМР и за денеска најавува провејување на снег, особено во југозападните делови.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -9 до -1 Целзиусов степен, додека максималните ќе се достигнат од -6 до 3 степени.

 

Слични содржини