Tемпературите повторно ќе растат, во четврток 37 степени

од Stefanija Kuzmanovska

Следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а во четврток ќе достигне до 37 стпени Целзиусови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што наведуваат оттаму, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде во интервал од 9 до 33 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

За недела е најавена температура во интервал од 10 до 34 степени, за понеделник од 10 до 35, вторник од 11 до 35, среда од 12 до 36, а за четврток од 13 до 37 степени Целзиусови.

Слични содржини