Тен Хаг: Бодот против Фенербахче не е лош резултат

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг имаше измешани чувства по ремито 1-1 со Фенербахче. Според него, овој бод и не е толку лош резултат, но од друга страна, тој претпочита неговиот тим да победи, особено со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ први го отворија резултатот.

„Одигравме два тешки гостувања. Секако, кога сте во водство, не можете да дозволите да биде израмнет резултатот. Имавме шанси за втор гол. Разочаран сум што не победивме. На „Олд Трафорд“ мораме да ги добиваме нашите игри“, рече Тен Хаг.

„Фенербахче е добар тим со одлични навивачи и многу добри играчи. Беше добар натпревар. Требаше подобро да ја чуваме топката во првото полувреме. Требаше да постигнеме повеќе голови, но да бидам искрен и тие имаа добри шанси. Ни создадоа многу проблеми. Тие се добар тим со одличен тренер“, додаде Холанѓанецот.

Слични содржини