„Тен Хаг добива отказ на крајот од сезоната“

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Пол Сколс, поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, објави дека менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг ќе добие отказ по крајот на сезоната.

„Она што го гледаме е милион милји далеку од тим кој треба да се натпреварува за освојување на Премиер лигата. Така е секоја сезона. Не би бил изненаден доколку клубот бара нов менаџер“, изјави Сколс.

Во неделата Јунајтед беше поразен од градскиот ривал Сити со 3:1 во 27. коло од Премиер лигата. Клубот од „Олд Трафорд“ моментно се наоѓа на шестото место на табелата во англискиот шампионат со 44 бодови, а во досегашниот дел од сезоната забележа 11 порази.

Сколс е убеден дека Ерик тен Хаг нема да го води Јунајтед следната сезона.

„Луѓето од „Инеос“ кои го презедоа клубот веќе си го кажаа своето. Мислам дека Тен Хаг нема да раководи со Јунајтед следната сезона. Од интервјуто на Џим Ретклиф, ја гледам негативноста кон сето она што е направено во клубот во последните десет години. „Ратклиф не е среќен поради тоа што се случува“, рече Сколс.

Тен Хаг е менаџер на Манчестер Јунајтед од 2022 година, а Сколс верува дека клубот веќе бара нов.

„Не би бил изненаден доколку клубот веќе бара нов менаџер. Не велам дека тоа е правилна одлука“, заклучи Сколс, кој за Манчестер Јунајтед одигра 718 натпревари и постигна 155 голови.

Слични содржини