195
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД е поразен со 4:0 на гостувањето кај Брентфорд во второто коло од Премиер лигата. Тимот на Ерик тен Хаг стартуваше со два првенствени порази. Да потсетиме, минатата недела Брајтон славеше со 2:1 на „Олд Трафорд“, а денеска Јунајтед изгледаше уште полошо.
Во моментов Јунајтед е последниот тим на првенствената табела. Тен Хаг, новиот менаџер на Јунајтед, по тешкиот пораз ги обвини играчите.
„Тимот мора да преземе одговорност. Жал ми е за навивачите. Ги замолив играчите да играат со верба и да преземат одговорност. Тие не го направија тоа”, изјави 52-годишниот Холанѓанец за Sky.
Јунајтед во следното коло го пречекува Ливерпул на 22 август.