Тен Хаг ги повика своите играчи да ја „задржат вербата“

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, ги повика своите играчи да ја „задржат верба“ дека можат брзо да се вратат по поразот од Тотенхем во неделата со 3-0 во Премиер лигата, јави ДПА.

Јунајтед гостува во Порто во Лига Европа во четврток, а потоа патува за Бирмингем за да игра со Астон Вила во недела. Тимот загуби три од првите шест натпревари во лигата и се наоѓа на 13-то место во поредокот. Сепак, холандскиот тренер не е загрижен за својата иднина.

„Не размислувам за тоа, не сум загрижен“, изјави тој за Sky Sports. „Ќе се обидеме да имаме успешна сезона. Ништо не е лесно, но нема од што да се плашиме. Можеме да се справиме. Имавме лош натпревар со Тотенхем. Морам да му понудам решенија на тимот. Најважно е да ја задржите вербата тоа е најважно, бидејќи ако ја изгубите вербата, губите сè“, рече Тен Хаг.

„Во тимот играчите сакаат да се борат еден за друг. Кога губиме, сите се разочарани, но тоа е и нашето гориво“, смета тој.

„Треба да се справите со критиките и да не обрнувате премногу внимание на нив. Фокусиран сум на тоа да го водам тимот, се обидувам да извлечам максимум од тоа и не се задржувам на негативните мислења за мене како личност. Тоа не му помага на процесот. Се договоривме да останеме заедно во текот на летото. Склучивме договор и стоиме на него“, додаде Холанѓанецот.

Слични содржини