454
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе има одредени играчи кои се наменети за засилување на тимот на лето.
Еден од главните приоритети на менторот е стабилизирање на одбраната. Затоа тој го насочи дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, за кој се шпекулира дека ќе биде заменик на Арон Ван-Бисака, пишува „The Sun“.
Дамфрис беше доведен во Интер минатото лето и има договор со клубот до 2025 година, па привлекувањето на Олд Трафорд нема да биде лесна задача. Згора на тоа, тој стана главен играч во селекцијата на Симоне Инзаги и има 41 натпревар, 5 гола и 7 асистенции во сите натпреварувања.