Тен Хaг го сака Чуамени во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Ерик тен Хаг, за кој се вели дека е сигурен нов менаџер на Манчестер Јунајтед, сака клубот да го привлече играчот од средниот ред на Монако, Орелијан Чуамени.

Според ESPN, францускиот клуб е подготвен да ја продаде својата ѕвезда во подем, но ќе бара меѓу 60 и 70 милиони евра.

За 22-годишниот играч за врска кој има силна сезона со Монако заинтересирани се и Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Челси. Изворот тврди дека самиот играч претпочита трансфер во странство, па тешко дека ќе го преферира ПСЖ.

Тен Хаг го избра Чуамени поради неговата сестраност и способност да игра на која било позиција во средниот ред.

Јунајтед сигурно ќе привлече барем еден играч од средниот ред на лето, кога се очекува да си замине Пол Погба, кому му истекува договорот со клубот.

Слични содржини