Тен Хаг: Јас не сум Хари Потер, ќе ги стигнеме нашите конкуренти

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Ерик тен Хаг доживеа нов тежок пораз на чело на Манчестер Јунајтед и прими три гола во дербито со Ливерпул на „Олд Трафорд“.

„Црвените“ можеа многу поубедливо да ги победат своите ривали на домашен терен, но менаџерот сепак беше оптимист и рече дека Јунајтед ќе ги стигне нивните ривали.

„Првите половина час поминаа нормално. Потоа направивме организациона грешка и нашиот противник постигна гол. Со оглед на класата на Ливерпул, немавме право на таква грешка. Тогаш тие ги искористија своите шанси“, анализира Холанѓанецот.

„Мораме да му честитаме на Ливерпул и да бидеме критични кон себе. Не можам да не бидам разочаран кога загубивме со 3-0 од Ливерпул. Не сум Хари Потер. За две години освоивме два трофеи. Ќе видиме што ќе се случи оваа сезона. Доведовме нови играчи, други се повредени. Можеби нашите ривали се супериорни на некој начин, но ќе ги стигнеме“, додаде тој.

„Не сакам да зборувам за позитивните страни. Загубивме со 0-3 и мора брзо да застанеме на нозе“, резимира Тен Хаг, кој веќе забележа два порази во првите три првенствени натпревари во новата сезона.

Слични содржини