203
Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, кој се очекува да го преземе Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, ќе биде вклучен во одлучувањето за иднината на Кристијано Роналдо, пишува „Дејли Меил“.
Во британското раководство има луѓе кои сметаат дека 37-годишниот Португалец треба да си замине. Во исто време, самиот Тен Хаг се уште не одлучил дали сака да се потпира на Роналдо.
Кристијано има договор со клубот до 30 јуни 2023 година. Роналдо оваа сезона постигна 21 гол и даде 3 асистенции на 35 натпревари.
И покрај критиките за неговата игра, тој вчера повторно покажа колку е вреден за „црвените ѓаволи“, откако постигна „хет-трик“ против Норвич во победата на Јунајтед од 3-2.