Тен Хаг лут: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам да освојувам трофеи на друго место

од Vladimir Zorba
771 прегледи

„Доколку Манчестер Јунајтед не ме сака, ќе одам да освојувам трофеи на друго место бидејќи тоа е она што го правам цела моја кариера“. Ова го соопшти менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг на прашањето за неговата иднина на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ вчера го кренаа ФА купот откако во финалето на „Вембли“ го победија градскиот ривал Манчестер Сити со 2-1, но само еден ден претходно медиумите на Островот објавија дека Тен Хаг ќе биде отпуштен.

„Кога го презедов тимот, се беше хаос, сега градиме тим за иднината. Нормално е да има падови, но тимот се развива и на крајот трофеите се најважни. Имаме и идентитет, но за тоа ви требаат здрави играчи. Премиер лигата е исклучително тешка и потребен ви е добар состав и играчи на располагање, но ние сме токму онаму каде што сакаме да бидеме. Два трофеи и три финалиња за две години не е лошо, но не сум задоволен, мораме да бидеме подобри“, додаде Холанѓанецот, кој рече дека не знае дали управата на клубот разговарала со другите тренери за неговата позиција.

Слични содржини