Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, верува дека Сер Алекс Фергусон „е Манчестер Јунајтед“ и верува дека ќе остане на располагање за да му помогне на тимот да се врати на врвот и покрај тоа што се повлече од функцијата амбасадор на клубот.
Се вели дека 82-годишниот Фергусон постигнал пријателски договор да се повлече на крајот на сезоната, но таквите одлуки имаат влијание врз оние околу клубот, пренесе Ројтерс.
„Секако дека има влијание врз нас“, изјави менаџерот Тен Хаг пред денешниот домашен натпревар од осмото коло во Премиер лигата против Брентфорд.
„Сер Алекс, се разбира, е Манчестер Јунајтед. Тој го изгради клубот таму каде што е сега. Тоа влијае на нас, но од друга страна ние знаеме и Сер Алекс сака да го види Манчестер Јунајтед како победува. Сигурен сум дека тој е секогаш достапен за секој совет и дефинитивно ќе ни треба на краток рок, како што правевме во последните две и пол години откако сум тука“, објасни Холанѓанецот.
Запрашан дали редовно зборува со Алекс Фергусон, Ерик тен Хаг рече: „Да, имаме добар контакт од време на време, би рекол. Еднаш на шест месеци се среќавам со него официјално, но, се разбира, и неформално околу натпреварите, се среќаваме“.