Тен Хаг откри кога дознал дека останува во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
3,K прегледи

Ерик тен Хаг откри дека додека бил на одмор во Шпанија бил информиран дека ќе остане како менаџер на Манчестер Јунајтед и следната сезона. Иднината на менаџерот беше неизвесна откако клубот заврши на осмото место во лигата за најлош пласман од 1990 година, а истовремено го освои и ФА Купот, кој им овозможува да играат во Европа следната сезона.

„Раководството на клубот дојде кај мене додека бев на одмор на Ибица. Тие одеднаш се појавија на мојот праг и ми кажаа дека сакаат да продолжат да работат со мене“, изјави Тен Хаг за холандската телевизија NOS. „Минатата сезона беше возбудлива, немав досаден момент“, додаде Холанѓанецот, кој на „Олд Трафорд“ пристигна од Ајакс во 2022 година со договор до 2025 година и опција за уште една дополнителна година.

Тен Хаг прецизираше дека управата во лицето на новиот сопственик Џим Ретклиф разговарала и со други менаџери, при што медиумите ги споменуваат имињата на поранешниот тренер на Баерн (Минхен) Томас Тухел и тренерот на Англија Герет Саутгејт.

„Ми кажаа дека разговарале со други менаџери, вклучувајќи го и Тухел. Во Холандија тоа не е ни дозволено, но Премиер лигата има различни правила. На крајот, клубот ми призна дека дошле до заклучок дека тие веќе го имаат најдобриот менаџер“, продолжи менторот.

Тој секогаш велеше дека сака да продолжи и покрај сите сомнежи и јавна дебата.

„Имавме добри разговори меѓу себе, разговаравме за различни прашања. Заклучокот е дека ќе продолжиме меѓусебно и ќе ми го обноват договорот. Останува да се договориме за некои работи“, заклучи стручњакот.

Слични содржини