Тен Хаг по 3:1 против Сити: „Бевме блиску до победа“

од Vladimir Zorba
424 прегледи

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг не покажа преголемо разочарување по поразот во градското дерби против шампионот Сити.

„Црвените ѓаволи“ водеа уште по првото полувреме, но на крајот беа поразени со 3:1. Сега имаат дури 11 бода помалку од четвртопласираната Астон Вила, но и шест од Тотенхем, кој е петти, на место кое следната сезона може да води во Лигата на шампионите.

– Сè може брзо да се сврти. Манчестер Јунајтед се уште се бори за Лигата на шампионите. Постои можност и петтото место да донесе пласман, па мора да не се предаваме и да се погрижиме да ги добиваме нашите мечеви- изјави Тен Хаг.

Што се однесува до самиот дуел, Холанѓанецот истакнува дека неговиот тим лесно можел да дојде до три бода.

– Бевме блиску до победа. Но, не заборавајте, тие се најдобриот тим во светот. И видовте какви проблеми имаме со повредите, посочи тој.

Слични содржини