Извештаите дека Ерик тен Хаг останал разочаран од однесувањето на Кристијано Роналдо по неговата вмешаност во последниот меч на Манчестер Јунајтед против Рајо Ваљекано изминатиот викенд, се оправдани. Тоа беше само прв натпревар на напаѓачот по неговото отсуство во текот на целата подготвителна сезона, но тој не го ни дочека крајот на натпреварот и го напушти „Олд Трафорд“ пред крајот на мечот. Други членови на тимот го направија истото.
„Секако дека не го прифаќам тоа. Мислам дека ова е целосно неприфатливо. Ние сме тим и треба да останете до самиот крај на натпреварот“, изјави новиот менаџер на Јунајтед во интервју за „Виаплеј“.
Инаку, Тен Хаг одлично го прими Роналдо кога се појави и покрај тоа што овој веќе нема желба да игра за „црвените ѓаволи“ и бара нов клуб.
Се очекува Кристијано да биде надвор од стартната постава барем на првите неколку натпревари за Манчестер Јунајтед, доколку во меѓувреме не си замине.