Тен Хаг пред отказ, Де Зерби е прв на листата со желби

од Vladimir Zorba
780 прегледи

Иако Манчестер Јунајтед го освои ФА Купот, гласините за отказот на Ерик Тен Хаг не стивнуваат. Доколку тоа се случи, прв фаворит на управата е Роберто де Зерби.

Тен Хаг увери дека новите менаџери му рекле дека сакаат да го започнат проектот со него. Сепак, тој истакна дека доколку сакаат да го заменат, има каде да оди и да продолжи да освојува трофеи.

Можеби ќе се оствари. Очигледно на „Олд Трафорд“ не се импресионирани со освојувањето на Лига купот и ФА Купот во две сезони, па се бара нов тренер.

Како што пренесува „Гардијан“, Џим Ретклиф контактирал со актуелниот тренер на Брајтон Роберт де Зерби. Италијанецот ги напушти „галебите“ на крајот од сезоната, а неговото име се поврзува со голем број големи клубови.

Ако Де Зерби не е тој, Томас Тухел, Киеран Мекена, Маурисио Покетино и Томас Франк наводно се следни во редот.

Слични содржини