Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик Тен Хаг, беше разочаран од ремито против Брентфорд во Премиер лигата. Стручњакот призна дека загубата на два бода на натпреварот може сериозно да влијае на клубот во борбата за пласман во Топ 4 и Лигата на шампионите.
Јунајтед поведе во судиското надополнување преку Мејсон Маунт, но не можеше да ја задржи својата мала предност и прими гол во последните секунди за реми 1-1.
„Кога не играте добро, сепак треба да победите, а ние за малку ќе го направевме тоа. Не одигравме добро, но имаше дух и борба, но очигледно тоа не беше доволно. Има уште многу натпревари до крајот, но овие бодови може скапо да не чинат на крајот. Тоа требаше да бидат три бода. Ќе видиме што ќе се случи на крајот. Можеби ќе испадне важен момент“, прокоментира Тен Хаг.