Тен Хаг сака Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Идниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака мегаѕвездата на „црвените ѓаволи“ Кристијано Роналдо да остане дел од клубот по крајот на сезоната, информира „Сан“.

Досега не се знаеше каков е односот на холандскиот стручњак кон португалскиот ас, а се веруваше дека Роналдо не е дел од идниот проект на Тен Хаг. Според „Сан“, Холанѓанецот бил многу импресиониран од играта на Роналдо на натпреварот против Брентфорд (3:0) и смета дека е неприфатливо клубот да загуби толку важен играч.

Оваа сезона Роналдо има 29 натпревари за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, постигнувајќи 18 голови и три асистенции. Тој има и шест гола во седум натпревари во Лигата на шампионите.

Тен Хаг ќе го предводи Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната, на местото на Ралф Рангник. Стручњакот моментално е на чело на Ајакс.

Слични содржини