Тен Хаг се радува на активната позиција на Манчестер Јунајтед на трансфер пазарот

од Nikola Popovski
506 прегледи

Манчестер Јунајтед е во првите редови на летниот трансфер пазар поради желбата брзо и рано да обезбеди нови засилувања во тимот, изјави менаџерот Ерик тен Хаг по доведувањето на Лени Јоро и Џошуа Зиркзе, пренесе Ројтерс.

Откако британскиот милијардер и претседател на ИНЕОС, Џим Ретклиф, ја презеде контролата врз фудбалските операции на Олд Трафорд со стекнување на 25% од акциите во клубот во февруари, не само што има нова хиерархија во Јунајтед, туку и нови идеи во клубот.

Јунајтед во четвртокот потпиша со францускиот дефанзивец Јоро на петгодишен договор од 62 милиони евра, а 18-годишниот играч беше цел на неколку големи клубови во Европа, вклучувајќи го и Реал Мадрид.

Другиот голем трансфер е тој на напаѓачот Зиркзе, кој имаше одлична сезона за Болоња во Серија „А“ и играше за Холандија на ЕП 2024. Клубот плати 42,5 милиони евра за 23-годишниот фудбалер кој потпиша на 5 години.

„Многу е добро да се биде во првата линија, да се биде проактивен“, рече Тен Хаг. Раководството работи одлична работа во моментов и така сакаме да работиме во Јунајтед“, додаде Холанѓанецот.

„Ние сме многу амбициозни и мораме да бидеме подготвени за сезоната. Колку побрзо донесеме играчи, толку побрзо ќе работиме на градење тим“, смета тој.

Јоро остави силен впечаток на своето деби за Јунајтед во победата од 2-0 над Ренџерс, додека Зиркзе доби повеќе време за одмор по Европското првенство.

Слични содржини