Тен Хaг се соочува со намалување на платата

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хaг се соочува со намалување на платата доколку „преживее“ на „Олд Трафорд“.

Холанѓанецот потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед во 2022 година, но неговата позиција е сериозно загрозена. Јунајтед е шести на табелата откако го победи Шефилд Јунајтед со 4-2, но заостанува 13 бода зад четвртопласираната Астон Вила и се чини дека ќе испадне од трката за Лигата на шампионите.

Според ESPN, неуспехот да влезе во европската елита ќе доведе до намалување на платата на Тен Хаг од девет милиони фунти годишно за 25 отсто.

Тоа значи дека од следната сезона би заработувал 6,75 милиони фунти, доколку не добие отказ, бидејќи според англиските медиуми, Тен Хаг е на излезната врата откако ја загуби довербата на управата, но и на навивачите.

Како главен кандидат за клубот се споменува поранешниот менаџер на Брајтон и Челси, Греам Потер, а тука се и англискиот тренер Герет Саутгејт, Роберто Де Зерби од Брајтон, Томас Френк од Брентфорд и Гери О’Нил од Вулверхемптон.

Слични содржини