Тен Хаг сè уште размислува за Мегваер и Рашфорд

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Идниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг работи многу активно на тоа како ќе изгледа неговиот тим следната сезона, објавија медиумите на Островот. Холанѓанецот тоа го прави во слободно време, бидејќи се уште е на чело на Ајакс, а гигантот се бори за титулата во земјата. Тренерот веќе идентификуваше група од осум играчи околу кои може да се формира идното јадро и да се изгради нов тим.

Медиумите додаваат дека и Тен Хаг напорно работи на пронаоѓање на причините поради кои Хари Мегваер игра многу подобро за репрезентацијата на Англија, но не и за „црвените ѓаволи“. Некои медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед можеби бара нов централен дефанзивец кој игра со лева нога, за да може Мегваер да игра на десниот центар, но нејасно е каква иднина има Рафаел Варан, Виктор Линделоф и Ерик Баји.

Идниот тренер продолжува со анализата на играта на Маркус Рашфорд, чија иднина исто така е под сериозно прашање по слабата сезона што ја игра досега, како и дали ќе добие шанса да биде дел од новиот тим или купувач. Се очекува да привлече најмалку тројца нови играчи кои ќе бидат клучни за изгледот на „црвените ѓаволи“ во новата сезона.

Слични содржини