Тен Хаг: Сити и Ливерпул се фантастични, но секоја ера има свој крај

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг вчера беше претставен пред медиумите и сега и официјално е на кормилото на „црвените ѓаволи“. 20-кратниот шампион ја одигра една од најслабите сезони од создавањето на Премиер лигата и Холанѓанецот ќе има многу работа за да ги врати победите на „Олд Трафорд“.

Сепак, Тен Хаг ги пофали тренерите на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола и на Ливерпул – Јирген Клоп, велејќи дека играат фантастичен фудбал, но секоја ера има крај и едвај чека да се соочи со нив.

„Во моментов им се восхитувам на двајцата. И Манчестер Сити и Ливерпул играат фантастичен фудбал, но секоја ера си има крај и едвај чекам да се соочам со нив“, изјави поранешниот тренер на Ајакс, а потоа на прашањето дали гледа крај на досегашната доминација на „граѓаните“ и „црвените“ додека е на кормилото на „црвените ѓаволи“, тој кратко одговори – „да, мислам така“.

Слични содржини