Тен Хаг со критики по поразот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Манчестер Јунајтед почна да тренира без поголемиот дел од своите клучни играчи и загуби со 1-0 од норвешкиот Розенборг, кој е на средина од шампионатот. Остра беше и реакцијата на Ерик тен Хаг, како и на некои навивачи на Манчестер Јунајтед.

„Резултатот не е второстепен. Настапот е поважен, но знам дека не можеме да бидеме во оптимална состојба во моментов, затоа ви требаат овие натпревари. Знам дека играме против противник кој е во средината на нивната лига. Тие имаат многу повисоко физичко ниво. Но ние сепак сме Ман Јунајтед и играчите мора да се претстават подобро“, заклучи тренерот на „црвените ѓаволи“.

Следниот тест на Манчестер Јунајтед е на 20 јули (сабота) во 17 часот по наше време против шкотски Ренџерс. Ерик Тен Хаг и компанија потоа заминуваат во САД на мини-турнеја каде што ќе играат со Арсенал, Бетис и Ливерпул.

Потоа „црвените“ се враќаат на Островот на стартот на новата сезона, која за нив ќе започне порано поради натпреварот од Комјунити Шилд против Манчестер Сити на 10 август (сабота).

Една недела подоцна, на 16-ти (петок) започнува кампањата во Премиер лигата со натпревар против Фулам.

Слични содржини