Тен Хаг со прв коментар за Роналдо: „Дефинитивно е…“

од Vladimir Zorba
410 прегледи

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг за прв пат ја коментираше ѕвездата на тимот Кристијано Роналдо.

За иднината на Португалецот многу се шпекулира, а во последно време се зборува дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, но тоа ќе се случи само доколку Холанѓанецот го сака во својот тим.

Сепак, Тен Хаг посочи дека ќе се потпре на Роналдо, опишувајќи го 37-годишниот како „гигант“.

„Од утре мојот фокус ќе биде Јунајтед. Секако, морам многу подлабоко да навлегувам во ситуацијата таму. Деталната анализа допрва треба да започне. Ќе почнам да работам и со тимот. Сепак, сакам да разјаснам една работа – Јунајтед има многу добри играчи. Мораме да ги натераме да работат како тим, но Роналдо е дефинитивно гигант“, изјави Тен Хаг по последниот натпревар против Ајакс.