Тен Хаг веќе размислува за заминување, Јунајтед го излажале!?

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Според медиумите во Англија, уште пред катастрофалниот пораз од Брентфорд кој го остави Јунајтед на дното на табелата, Ерик Тен Хаг бил бесен. Имено, тој смета дека клубот го излажал ветувајќи засилувања во преодниот рок, поточно пет нови играчи. Се шушка дека дури и со своите адвокати разговарал за можноста за раскинување на договорот…

Дополнително, не успеаја да ја решат ситуацијата околу Роналдо, кој е задржан против негова волја, што дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи Холанѓанецот не сака незадоволни луѓе во тимот.

Досега се доведени Тајрел Маласија, стопер, како и Лисандро Мартинез, а како слободен играч пристигна и Ериксен.

Но, ниту една од целите кон кои цели Тен Хаг, пред се Френки Де Јонг, а потоа и напаѓач. Сега од Штутгарт би можел да пристигне Саша Калајџиќ, но се зборува дека бил само четврта или петта опција на списокот на холандскиот менаџер.

Марко Арнаутовиќ беше исмеан во јавноста, а Ентони од Ајакс едноставно е прескап.

Продолжува спорот со мајката на Адриен Рабио, Вероник за платата, иако со Јувентус е договорена отштета од 18 милиони евра. И тој трансфер наиде на незадоволство кај навивачите, Рабио е француски репрезентативец, но неколку години не направи разлика во Јувентус.

Гери Невил сака Глејзерси да си заминат, но американските газди не размислуваат за тоа, ниту пак да го продадат клубот.

Ќе се соочат со протести од навивачите, но тоа не е ништо ново и не се премногу загрижени за тоа.

Ситуацијата е критична по двата порази, а да биде уште полоша се погрижи распоредот, во следното коло гостуваат кај најголемиот ривал Ливерпул.

Слични содржини