Тен Хаг за критиките кон Бруно Фернандеш: „Жално и навредливо“

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Менаџерот Ерик тен Хег ги обвини играчите на Нотингем Форест дека намерно го фаулирале Бруно Фернандеш за време на нивната пресметка во ФА Купот со Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ победија со 1-0 со голот на Касемиро на самиот крај.

Тен Хаг го пофали Фернандеш за неговиот настап на „Сити Граунд“, откако португалскиот играч за врска беше под знак прашалник до последен момент.

„Можеше да се види дека играчите на Форест го целеа. Имаше премногу фаули против него и веднаш влегоа откако тој ја доби топката. Нон-стоп играа со човек до него”, изјави Холанѓанецот. „Среќен сум со него и со Рафа (Варан), кој исто така беше под знак прашалник до крајот. И двајцата имаа повреди, но навистина сакаа да играат на овој натпревар“, посочи Холанѓанецот.

Репрезентативецот на Португалија беше жестоко критикуван на социјалните мрежи оваа недела откако се појави видео од натпреварот против Фулам на кој тој падна на земја, глумејќи сериозна болка, а неколку секунди подоцна стана и ја бараше топката.

Сепак, Тен Хаг рече дека ова не е фер. „Тој има сериозна повреда, но играше и во саботата и на овој натпревар. Фернандеш има висока толеранција на болка и мислам дека она што се случи на социјалните мрежи е едноставно жално и навредливо. Не е вистина“, додаде Тен Хаг.

Слични содржини