Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е загрижен за ситуацијата околу Кристијано Роландо и континуираното отсуство на Португалецот од претсезонскиот тренинг на „црвените ѓаволи“. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ не се појави на стартот, како што беше најавено, поради семејни причини, но оттогаш продолжи да се подготвува во базата на репрезентацијата на „морнарите“.
Во меѓувреме, неговиот менаџер Жорже Мендеш се обидува да му најде тим што ќе може да го предизвика трофејот во Лигата на шампионите, но досега немаше среќа, откако веќе доби одбивање од Челси, Баерн (Минхен), Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
„Ситуацијата е иста како и минатата недела. Загрижен можеби не е вистинскиот збор. Фокусиран сум на играчите кои се тука, им оди навистина добро и се во форма. Претпочитам да се фокусирам на нив и да ги развивам, и мислам дека фузијата меѓу нив функционира навистина добро. Мислам дека кога ќе видите дека знаете дека имате среќа како менаџер, но и како тим. Имаме оружја, но мора да се подобруваме секојдневно. Едвај чекам Роналдо да дојде и да го интегрирам во составот“, изјави Тен Хаг.
Самиот Холанѓанец веќе отворено ја повика управата да се засили на трансфер пазарот и да доведе офанзивец кој би можел да даде повеќе опции во нападот за претстојната сезона.