Холандската легенда Марко ван Бастен даде љубопитен коментар за неговите очекувања за работата на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед.
Тренерот на Ајакс следната сезона ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ и многумина се прашуваат колку ќе се потпира на Кристијано Роналдо.
Според Ван Бастен, Португалецот ќе продолжи да игра важна улога во тимот.
„Ако Роналдо игра како против Норич и постигнува 2-3 гола по натпревар, нема кој да го извади од тимот. Тен Хаг знае дека физички не може истото да го бара од Кристијано и 18-годишен фудбалер. Самиот Роналдо мора да работи напорно и сигурен сум дека ќе го стори тоа, бидејќи Тен Хаг може да влијае на него и да го натера да игра според неговите ставови за фудбалот“, изјави Ван Бастен за „А Бола“.
„Ерик не мора да се грижи за тоа што пишува печатот. Важно е да се фокусира на тренинзите. Ако го направи тоа, има шанса да го трансформира Јунајтед“, додаде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.