Полициски службеници и специјалци синоќа влегоа во „Комунална хигиена“ и им дозволија на камионите од претпријатието конечно да излезат на улица и да го собираат наталоженото ѓубре и отпад. Притоа вработените кои два дена протестираа, се обидоа се лежење на земја да го спречат излегувањето на камионите од кругот на скопското претпријатие. Дошло и до турканица на самиот влез.
Началникот на полицијата прво ги убедувал вработените да се тргнат и да направат пат, но тие не го послушале.
Во претпријатието била и директорката Косана Мазнева-Николиќ која барала вработените да влезат во камионите и да работат, а вработените извикувале ‘оставка, оставка‘.
Поради протестите, контејнерите и кантите низ цело Скопје се полни со смет. Вработените што не дозволуваа собирање на ѓубрето, истакна дека се залагаат за повисоки плати, подобри услови за работа и враќање на вработените во претрпијатието кои биле отпуштени во последните неколку дена.
Според нив, 40 лица добиле отказ, а уште 50 добиле известување за отказ по протестот пред една недела. Се жалат дека раководството ги гледа безбедносните камери и кога ќе се види некој како протестира, го отпуштаат.
Директорката Мазнева тврди дека вршела прераспоредувања на третата смена за која се добива ноќна тарифа на плата и отпуштала тие што не работат.