Тензични протести во Цетиње: Барикади од камења, автомобилски гуми

од Берта Китинска

Црногорските граѓани кои се противат на тоа устоличувањето да биде во цетинскиот манастир, на кое ќе присуствува и српскиот патријарх Профириј, денеска излегоа на протести за време на кои имаше и судири со полицијата.

Прво ја отстранија ограда поставена на плоштадот во Цетиње со цел да ги држи демонстрантите подалеку од цетинскиот манастир, а потоа ги блокираа и влезовите кон Цетиње, како оние од правец на Подгорица и Будва. Поставија барикади од камења, автомобилски гуми, како и жив штит.

Градоначалникот на Цетиње, Александар Кашчелан ги повика сограѓаните и оние кои денеска и утре ќе присуствуваат во Цетиње да се издигнат над политиката, оти, како што вели, мирот и човечките животи немаат цена.

Во центарот на Цетиње има силно полициско присуство.

На устоличувањето на новиот митрополит на СПЦ во Црна Гора Јоаникиј во Цетињскиот манастир се спротивставуваат црногорските национални организации, локалната власти и најголем дел од опозициските партии, меѓу која и партијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Слични содржини