На македонско-грчката граница тензиите повторно стануваат опасни пренесуваат регионалните медиуми „Ќе ги враќаме назад во Грција сите мигранти, кои ќе бидат протерани на наша територија, од северните држави, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов за “Катимерини”.Околу 1000 мигранти жестоко протесираат, и ја дигаат тензијата.
Веќе неколку дена МВР ги спроведува одлуките не дозволуваат мигранти од земји надвор од воените конфликти.Пропуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, кои влегуваат од Грција. Тензиите на границата сепак растат откако грчките власти продолжуваат , без селекција, и во зголемен број да ги праќаат кон Македонија новите мигранти од Иран, Пакистан, Бангладеш, Сомалија, кои се сметани за неконфликтни држави

ЕУ ветува, но не пружа помош на Скопје за бегалската криза ЕУ е со вас и е подготвен да продолжи преку хуманитарна и техничка помош преку агенциите на Унијата. Подготвени сме да одвоиме уште повеќе кога имаме проценка за вашите потреби. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, вчера во Скопје .
Ако сме сериозни и сакаме да го задржиме Шенген и патувањето без визи, тогаш треба да бидеме сериозни и да им помагаме на земјите на предната линија, каква што е вашата, додаде Туск. Иванов истакна дека од почетокот на годината досега во Македонијатранзит поминале половина милион мигранти и бегалци. И покрај ветувањата на Скопје не му била укажана никаква финансиска и техничка помош од ЕУ, поврзана со бегалската и миграција криза. Иако Македонија да сакала од Унијата опрема за регистрирање на мигрантите и бегалците и за контрола на границата, не добила ништо.
Македонија потрошила само сопствени буџетски средства за справување со кризата и од почетокот на годината досега износот изнесуваат 10 милиони е вра, нагласи Иванов.
“Чувствувам недостиг од материјален, кадровски и технички капацитет, за да одговориме на предизвиците и ризиците на националната безбедност”, е оценката на македонскиот претседател. Според Иванов откако земјите од ЕУ одлучија да го ограничат приливот на бегалци и да категоризираат т. н. “Економски мигранти”, контролниот премин крај Гевгелија станува густа цедилка за преминувањето на мигранти и бегалци, поради што се зголемуваат ризиците по безбедноста
Околу илјада економски мигранти на границата меѓу Македонија и Грција со протест го изразија нивното незадоволство откако македонските власти почнаа да одбиваат да им дозволуваат влез на оние кои немаат документи дека се од со војна зафатените Сирија, Ирак и Авганистан.Повеќето од демонстрантите се од Либија, Мароко, Сомалија и Бангладеш. Македонија воведе нови рестрикции откако Србија и Хрватска соопштија дека ќе ги враќаат мигрантите кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан. Во меѓувреме македонскиот претседател Георге Иванов по средбата во Скопје со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека постоела голема опасност од избувнување судири меѓу самите бегалци, но и меѓу бегалците и силите за безбедност.