На денешното судење а во случајот за „Меѓународен сојуз“ судијката Софче Гаврилова Ефремова имаше остра комуникација со Бојан Јовановски и со неговиот адвокат Сашо Дукоски.
Одбраната на Јовановски рече дека нема да ја даваат одбраната се додека не бу биде вратен мобилониот телефон со „ватс-ап“ комуникацијата со луѓе од политиката.
-Нема да дадеме исказ доколку не се изведат материјалните докази, се би личело на „рекла-кажала“.Ова што денес се случи е незабележано во судската пракса надовр од рочиштето за главна расправа без предлог на обвинител, без предлог на бранител судот сам кој знае со кого пристпил при нешто кое е интимен материјал, кон кое треба да се пристапува исклучиво само за потребите на постпката ова е апел ова е пример како треба да не се постапува.Кој му дал право на судот самостојно да изврши увид, обвини Сашо Дуковски.