Собраниската Комисија за образование, повторно не успеа да се отвори расправата по двете точки на дневниот ред, меѓу кои е и Законот за наставници за кој СДСМ подолго време реагира дека е блокиран од опозицијата.
Атмосфера на расправата помина тензично, а претседателката на работното тело, Жаклина Лазаревска од СДСМ, беше принудена да даде пауза, откако, до нејзината маса, викајќи и мавтајќи, пристапија присутните опозициски пратеници.
-Со своето срамно и дрско однесување денеска повторно ја блокираа постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.ВМРО-ДПМНЕ сеуште спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисоки плати.ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи трансформација на работниот однос на над 4700 вработени во училиштата кои со години работат, а не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети, кажа Лазаревска.
ВМРО-ДПМНЕ денеска не дозволува да продолжи со работа Собраниската комисија за образование на чиј дневен ред е законското решение со кое на 27.000 наставници им се зголемуваат платите а на 4.700 наставници им се трансформира работниот однос во трајно вработување.
Комисијата се уште не е блокирана, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ штотуку побара да се повлече Законот.