Голем број фанови се собраа пред хотелот „Парк“ за да му дадат поддршка на Новак Ѓоковиќ, а на улиците во Мелбурн биле забележани крајно бизарни сцени.
Тензијата расте, па дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што се приведени две лица.
Инцидентот се случил кога две лица се искачиле над влезот на хотелот со цел да истакнат транспарент со барање за „ослободување“ на сите приведени во хотелот, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, но и голем број мигранти. Полицијата ги уапси лицата, што предизвикало револт кај останатите насобрани.
The two protestors on the awning have been taken off by police. #Djokovic pic.twitter.com/d7ucjabyC9
— Cait Kelly (@cait__kelly) January 6, 2022
Пред ова, имало инцидент на приврзаници на Новак со други луѓе собрани да го изразат својот протест против односот на австралиските власти кон бегалците.
There was a skirmish between protestors on the ground and police as they tried to stop the cherry picker thing. pic.twitter.com/6yJ7rT0Wqq
— Cait Kelly (@cait__kelly) January 6, 2022