Теодосиќ ги нападна судиите и доби тешка казна: АБА лигата не прости – суспензија и парична казна!

од Љубиша Владимиров
85 прегледи

Искусниот плејмејкер на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ, доби казна од АБА лигата по инцидентот што се случи на вториот четвртфинален натпревар против Игокеа во Лакташи. Во текот на натпреварот, Теодосиќ прво доби техничка грешка, а потоа влезе во конфликт со судијата на теренот. Според информациите што ги објави „Меридијан Спорт“, тој направил физички контакт со телото на судијата и дури го штипнал, што доведе до негово исклучување од натпреварот.

Како резултат на инцидентот, АБА лигата му изрече дисциплинска мерка – привремена дисквалификација од три натпревари, што значи дека Теодосиќ ќе ги пропушти сите мечеви од полуфиналната серија против Будуќност. Покрај тоа, на кошаркарот му беше изречена и парична казна од 10.000 евра. Оваа казна веднаш стапува на сила и сигурно ќе биде голем удар за Црвена Звезда во борбата за титулата.

Слични содржини