Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо (47) повторно е сингл. Имено, познатиот заводник стави точка на долгогодишната врска со својата девојка, манекенката Камила Мороне (25).
Упатените блиски до холивудската ѕвезда тврдат дека Лео и Камила ја прекинале врската на почетокот на летото, пренесуваат странските медиуми.
„Меѓу нив нема лоши емоции. Врската едноставно дојде до својот природен крај“, велат добро упатени извори.
Иако ова раскинување изгледа прилично вообичаено, особено во Холивуд каде врските со познатите личности постојано се на стаклени нозе, сосема е можно да има подлабока приказна зад тоа. Имено, уште во 2019 година имаше гласини дека Леонардо ќе ја напушти Камила точно во 2022 година, кога таа ќе наполни 25 години.
Навистина, Камила го прослави својот 25-ти роденден во јуни оваа година, а набргу потоа беше оставена. Звучи бизарно, но краткиот осврт на љубовниот живот на познатиот актер јасно покажува дека тој никогаш во животот не се забавувал со жена која има повеќе од 25 години – тоа е горната граница.
Овој факт до тој степен ги забавуваше корисниците на социјалните мрежи што со години кружи дури и графика која дава увид во тврдењата дека Лео едноставно сака само жени во раните 20-ти. Таа информација стана дури и редовна шега во Холивуд – ја спомна Ејми Шумер при доделувањето на овогодинешните Оскари.