Тепачка и пукање меѓу членови на ДУИ синоќа во Старата чаршија во Скопје

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Ноќеска како што јавуваат очевидци за Либертас, пред кафулето Либрариа во Старата скопска чаршија, членови на ДУИ започнале меѓусебе да се тепаат, а имало и истрели од огнено оружје.

пиштол

Според очевидците, во тепачката најлошо поминал директорот на поранешното  средното трговско училиште, Шаип Зендели, кој е и кандидат за нов директор на пензискиот фонд од листата на владеачката албанска партија, ДУИ. Шаип, како што се тврди, бил натепан од негов другар и колега, професор во друго училиште, извесен Булгин.

Инцидентот не завршил само на тепачката, туку тепаниот Шаип се вратил и пукал од неговиот пиштол, но за среќа повредени нема, велат изворите на Либертас.

За инцидентот нема потврда дали е изестена полицијата.