Тепачка меѓу две жени во трговски во скопски Центар

Жени од Скопје и гостиварско учествувале во инцидентот

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: МВР

Две жени во саботата вечерта се степале во трговски центар во Скопје.

– На 07.02.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 28-годишната Џ.Х. од гостиварско и 32-годишната С.И. од Скопје, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.