Тепачка меѓу колеги болничари во Клиничкиот центар

Инцидентот се случил вчера попладне на работното место на двете лица

од Nikola Popovski
58 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Болничар во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, физички нападнал колега.

МВР информира дека вчера попладне во 16:05 часот во СВР Скопје, Ј.И.(27) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде извршувал работни задачи како болничар, бил физички нападнат од негов колега болничар Ф.И..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.