Тепачка меѓу осуденички во „Идризово“

од Nikola Popovski
33 прегледи

Осуденички вчера физички се пресметале во КПУ „Идризово“, информираат од МВР.

На 24.02.2025 во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини