Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден пренесен во болница

Биле разменети удари со тврди и остри предмети

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Еден затвореник е повреден во тепачка со двајца други осуденици во Казнено-поправната установа „Идризово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М.,  на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.