322
Тепачка меѓу две колешки се случила на една од клиниките во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, информираа од МВР.
На 07.11.2022 во 13:35 часот во Полициската станица Центар, С.М.(47) од Скопје пријавила дека околу 12:00 часот на работното место во една од клиниките во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од нејзината колешка В.М..
Полицијата преземаа мерки за расчистување на случајот.