Тепачка на фудбалски натпревар, нападнат вработен во Башкими

Инцидентот го предизвикале четири лица на возраст од 19 до 23 години

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23),  М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во с. Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите Башкими и Куманово, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб Башкими.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.