Бидејќи двајца патници одбиле да стават маски, избувнала тепачка на летот за Ибица. тие биле совладани и уапсени откако слетале на популарниот шпански остров.
Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, прикажува двајца Британци кои учествувале во тепачка на летот на КЛМ од Амстердам кон Ибица.
Компанијата КЛМ објави дека двајцата биле врзани со помош на други патници кои биле приведени по слетувањето во Ибица.
„Мажите одбија да носат маски, додека физички и вербално малтретираа други патници“, рече портпаролот на холандската авиокомпанија.
Тој додаде дека пилотот ги известил локалните власти за инцидентот и двајцата мажи се приведени.
На профилот на Инстаграм откако се сподели видеото од тепачката, се тврди дека двајцата мажи претходно пиеле вотка додека одбивале да стават заштитни маски.
Носењето маски е задолжително на сите летови на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.