476
На 07.11.2021 во 04.15 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Т.(36), а извршиле службен разговор со М.П.(23), А.С.(31) и А.Л.(28), сите од Штип, постапувајќи по претходна пријава според која околу 03.45 часот, пред угостителски објект во Штип, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу М.Т., од една страна и М.П., А.С. и А.Л., од друга страна, при што биле употребени тврди предмети.
По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.