На 03.10.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Ф.(36) од скопско и З.А.(55) од Скопје.
Полицијата интервенирала на местото на настанот, а според МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против учесниците.
Инцидентот предизвика стрес и вознемиреност кај патниците, но за среќа, нема информации за сериозни повреди.