МВР информира дека пред два дена дошло до физички напад меѓу вработени во кочанската болица.
-На 13.12. 2022 во СВР Штип вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј. Т. (44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б. А. (47), Т. С. (53) и М. К. (58) сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Штип.
Полицијата работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.